Светска банка ја одобри гаранцијата за Македонија

Од:

Одборот на извршни директори на Светска банка вчера ја одобри гаранцијата за поддршка на комерцијален заем за Владата на Република Македонија во износ од 155 милиони евра, соопшти канцеларијата на СБ во Скопје.

Со гаранцијата заснована на политики за јавна потрошувачка ќе се гарантира дел од износот на комерцијален заем односно 62 проценти од главницата и со тоа ќе и се овозможи на земјата да добие релативно голем комерцијален заем во износ од 250 милиони евра, од кои 155 милиони евра ќе бидат гарантирани од Меѓународната банка за обнова и развој (МБОР).

Со предложениот инструмент се поддржуваат реформите со кои ќе се помогне да се ублажи влијанието на тековната криза врз ранливите групи.

Со гаранцијата се поддржуваат реформите за подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и управувањето со јавните финансии, за зајакнување на системот за здравствена заштита и подобрување во насочување на социјалната помош и социјалното вклучување. Гаранцијата ќе и помогне на Република Македонија во пристапот до меѓународните финансиски пазари и во справувањето со очекуваниот јаз во финансирањето во 2013 година.

– Ова е втора гаранција за Република Македонија. Со првата, одобрена во ноември 2011 година, се обезбедија вкупно 130 милиони евра од заемодавачи во услови на практично затворено пазарно опкружување. Кризата во еврозоната која се појави потоа, неповолно влијаеше врз економијата на Република Македонија. Повторните турбуленции на пазарот по мај 2012 година, повторно ги засенија краткорочните перспективи за раст и пристапот до пазарите на капитал, се наведува во соопштението.

Главниот фокус, како што истакнуват од СБ, на оваа втора гаранција е да се осигури дека со фискалната политика, а особено со политиката за јавна потрошувачка, се поддржува опкружување поволно за раст, поефикасна социјална заштита и подобро извршување на услугите. Со клучните реформи се поддржува постепено намалување на долговите на јавниот сектор и имаат за цел подобрување на практиките на финансискиот менаџмент во јавниот сектор, како што се воведувањето на заштитни механизми за спречување на појава на нови долгови.

– Со отплатата на долговите ќе се поддржи економската активност и развојот на приватниот сектор, во согласност со долгорочната одржливост на јавните финансии, вели Џерард Бајам, вршител на должноста на директор во Светска Банка за Југоисточна Европа.

Во услови на тешко надворешно опкружување со продолжена несигурност во глобалната економија и со ризик од интензивирање на кризата во еврозоната, Република Македонија воспостави и одржува силна макроекономска стабилност, сметаат од Светска банка.

– Со спроведување на цврсти структурни реформи, Република Македонија ги поставува темелите за економското заздравување. И покрај постојното тешко опкружување, перспективите за раст на Република Македонија се релативно позитивни, вели Биргит Хансл, водач на тимот на Светска Банка.

Портфолиото на МБОР во Република Македонија се состои од пет инвестициски проекти со нето вредност од 335 милиони евра.с

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница