Светска банка: „Имигрантските пари“ годинава ќе достигнат до 414 милијарди долари

Од:

Парите кои имигрантите ги заработуваат во странство и ги испраќаат на своите семејства во татковината се од поголема корист за земјите во развој отколку странската помош што ја добиват. Се очекува така наречените „имигрантски пари“ годинава да пораснат за 6,3 проценти, се наведува во извештајот на Светска банка (СБ).

До крајот на годината имигрантите дома ќе испратат 414 милијарди долари. Во 2016 година сумата ќе се искачи над 500 милијарди долари. Земјите во развој странска помош добиват во висина од 126 милијарди долари.

СБ истакнува дека најмногу пари од имигрантите добива Индија (71 милијарда долари), потоа Кина (60 милијарди), Филипини (26), Мексико (22 милијарди), Нигерија (21 милијарди) и Египет (20 милијарди).

За некои земји парите од имигрантите имаат големо значење. Така на пример имигрантските пари се половина од бруто домашниот производ во Таџикистан, 31 проценти од БДП на Киргистан, 25 отсто од БДП на Непал и на Лесото и 24 проценти од БДП на Молдавија.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија