Светска банка и одбри на Македонија 50 милиони долари за конкурентни развојни политики

Од:

Светска банка го одобри Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики за Македонија во износ од 50 милиони долари. Заемот за конкурентни развојни политики е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија.

Проектот, како што соопшти Канцеларијата на Светска банка во Македонија, ја поддржува програмата на Владата, насочена кон зајакнување на конкурентноста на стопанството преку мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање на услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на вештини.

Џон Габриел Годар, лидер на тимот на Светска банка истакнува дека  поддржаните активности  имаат за цел развој на производството со висока вредност, олеснување на реструктуирањето на агробизнисот и подобра ефикасност на трговско-логистичките услуги. Тоа ќе биде постигнато преку приоритетни активности кои ги поттикнуваат инвестициите и технолошката надградба, како и отстранување на пречките кои ги попречуваат влезот и развојот на компаниите во главните извозно ориентирани сектори во економијата. Заемот, исто така, ќе поддржи активности кои овозможуваат подобри услови за поттикнување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на релевантни работни вештини. – Во комбинација со подобрувањата кои Македонија ги оствари генерално во деловното опкружување, оваа реформска програма има потенцијал да го зголеми економскиот раст на среден рок, истакнува Годар.

Проектот работи и на подобрување на ефективноста на јавните програми кои го поддржуваат развојот на приватниот сектор, и со тоа, ја зголемува ефикасноста на јавната потрошувачка. Во обид да се почне со високо вреднуваното производство и извозните способности, владата имплементира фискални активности во инфраструктурата и поттикнува програми кои вклучуваат даночни олеснувања и тренинг грантови за странските инвеститори, како и кредитни намалувања и директна поддршка до земјоделците. Со подобрување на институционалната основа  и буџет за овие поддржани програми, Заемот ќе ја зголеми ефикасноста на јавната потрошувачка и ќе ја зајакне одговорноста.

– Овие активности, поддржани од Заемот за развојни политики ќе придонесе за постигнување на развојните цели во рамките на столбот за Конкурентност од Стратегијата за партнерство со земјата 2011-14“, вели Лилија Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Таа додава дека заемот е интегрален дел од поширока агенда за конкурентност преземена од Владата и други чинители, и потпомогната од Светската банка преку бројни тековни активности. Светската банка, истакнува, ќе остане партнер на Владата во оваа област и во иднина.

– Меѓународната економска криза во 2009 година и тековната должничка криза во еврозоната ја забави зголемената економска активност во Македонија. За време на целиот тој период, земјата успеа да одржи стабилна макроекономска состојба и имплементираше реформска програма со која постигна фискална консолидација и подобрувања во пазарот на труд. Досегашните реформи, исто така, доведоа до значителни подобрувања во деловното опкружување, што ја донесе земјата до 23-то место во Извештајот на Доинг Бусинесс 2013. Но, лошата економска состојба во ерозоната влијаеше негативно врз економската активност и буџетските приходи. Покрај скорешните достигнувања во политиките, економскиот раст не беше доволен за да ја намали долгорочната невработеност и сиромаштија. Предизвикот со кој се соочува Македонија е да ја пренесе својата економија во линија на повисок раст, преку развивање на поконкуретен и претприемнички сектор ориентиран кон извоз, се наведува во соопштението.

Заемот е поткрепен со многубројни анализи преку Модуларната оценка за конкурентност, која идентификуваше нови мерки за зајакнување на трговскиот перфоманс и раст на земјата. Оценката се состои од оценка за трговската конкурентност и за секторска конкурентност, кои обезбедија детален преглед на потенцијалот за перформанс и конкурентност во три главни извозно ориентирани сектори – производството (фокусирано на автомобилскиот и текстилниот сектор), агробизнисот и логистичките услуги.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

Тони Стојановски нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ