Светот се движи кон катастрофа, предупредува претседателот на Светска банка

Од:

Светот се движи кон катастрофа, затоа што надежта на луѓето се соочува со иднината во која милиони работни места се автоматизирани, предупреди претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким.

– Ако имате зголемени амбиции, но немате никакви можности за развој, тоа ќе доведе до нестабилност, конфликти и насилства. Тоа е курсот кон катастрофата, кон која се движиме, вели Ким.

Тој на годишната средба на Светска Банка во Вашингтон посочи дека инвестициите во човечки капитал ќе бидат се поважни за економскиот раст во иднина, бидејќи роботите ќе заменат милиони нискоквалификувани работници.

– Единствено нешто, од што со сигурност ќе имаме потреба во иднина, се луѓе кои можат да учат. Сакаме да создадеме атмосфера на неодложност од инвестирање во луѓе. Тоа е неопходно, со оглед на начинот на кој се менува глобалната економија, оцени директорот на Светска банка.

Тој упати апел до политичарите да инвестираат во образование и здравство бидејќи само на тој начин се подобруваат перспективите за економски раст.

– Напредокот, исто така, е под закана на политичките движења кои пропагираат трговски бариери, изолација, воена агресија и други слични мерки. Политичката несигурност се почесто стои зад ризиците кои се идентификувани од аналитичарите на државните долгови, изјави Мариц Крамер, директор на Стандард и Пурс.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ги предупреди политичарите да го искористат поволниот момент, бидејќи во спротивно ќе настрада глобалната економија. Ако не го направат тоа, растот ќе биде премногу мал, а работни места – малку. Осигурителните системи нема да можат да се справат со се постарото население, а финансискиот систем нема да биде подготвен за идните шокови, истакна Лагард.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија