Свесноста кај граѓаните за зачленување во пензиските столбови треба да се зголеми

Од:

Свесноста кај граѓаните за правата кои произлегуваат од зачленувањето во пензиските столбови треба да се подигне затоа што инвестирањето во нив значи и повисоки приходи во пензионерските денови.

Дарко Саздов од Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување (МАПАС) вели дека свесноста кај пензионерите е на исто ниво и оти тие како Агенција се обидуваат да ја зголемат преку низа информативни настани.

– Преку информативни настани сакаме да се подигне свеста кај граѓаните за да се заинтересираат за своите индивидуални сметки, изјави Саздов денеска на информативниот настан што беше организиран по повод 15 Септември – Денот за пензиска свесност.

Според Саздов, расне интересот на граѓаните за вториот и третиот столб и овие столба имаат постојано членство. Дури има и пензионери кои веќе користат пензии од двете пензиски друштва.

Досега, околу 500 илјади членови има во двете пензиски друштва во вториот столб од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, а вкупните средства кои се акумулирани изнесуваат околу една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ