Суперавтомобили од 3,4 милиони долари на автосалонот во Катар

Од:

На автосалонот во Катар е претставен моделот „Lykan Hypersport“ на блискоисточната компанија „W Motoors“. Вкупно ќе бидат напрaвени само седум примероци, а цената на еден автомобил изнесува 3,4 милиони долари.

Иако некoи можеби ќе му замерат на неоригиналниот дизајн, „Lykan Hypersport“ секако има впечатлив изглед, со интересно обликувана маска на ладилникот и полусокриени фарови, а занимливо е и решението на задниот дел од автомобилот со стоп светлата во форма на бумеранг.

Кога станува збор за спецификациите на моторот и перформансите  „Lykan Hypersport“  има со што да се пофали. Централно сместена, шестоцилиндричната погонска единица е опремена со два турбо полначи и е во состојба да развие 750 КС и максимален обртен момент од 1.000 Нм.

Според тврдењето на производителот „Lykan Hypersport“   од место до 100 км/ч стигнува за само 2,8 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 395 км/ч.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on