Трговскиот суфицит на Германија достигна минатата година петгодишен максимум, се вели во податоци на германскиот Завод за статистика-Дестатис.
Извозот на најголемата европска економија е на рекордни 1.097 билиони евра во 2012 година што е пораст од 3,4 отсто во однос на 2011 година, се вели во извештај на Дестатис.
Увозот е зголемен за само 0,7 отсто на 909,2 милијарди евра во 2012 година. Тоа означува дека трговскиот суфицит на Германија е зголемен на 188,1 милијарда евра во 2012 година што е највисоко ниво од 2007 година.