Судот и наложи на „Дојче банк“ да плати отштета

Од:

Апелацискиот суд во Минхен денеска и наложи на најголемата банка, „Дојче банк“ да плати отштета на семејството на покојниот медиумски магнат Лео Кирх, со што е завршена повеќегодишната судска битка.

„Дојче банк“ мора да плати отштета, а сумата дополнително ќе ја одредат експертите. Во 2002 година поранешниот директор на „Дојче банк“, Ролф Бројер јавно се посомнева во кредитна способност на Кирх.

Кирх, кој почина во 2011 година, тврдеше дека коментарот на Бројер резултирал со колапс на неговото медиумско царство и ја тушеше банката барајќи отштета.

„Дојче банк“ нема право на жалба. Банката на почетокот од годината ја одби можноста за вонсудски договор со наследниците на Кирх.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он