Јапонската автомобилска компанија „Субару“ мора привремено да го затвори својот погон во Индијана (САД), поради недостаток на полупроводници, објави новинската агенција Кјодо.
Единствената фабрика на компанијата надвор од Јапонија ќе продолжи со работа не порано од почетокот на мај. Од 10 до 27 април, и фабриката во префектурата Гума (Јапонија) престана да работи, што се очекува да доведе до помало производство за околу 25.000 автомобили во април.
Јапонските автопроизодители се соочија со сериозен проблем на почетокот на годината поврзан со недостигот на полупроводници. Ова се должи на наглото зголемување на побарувачката за овој производ како резултат на преминот кон 5-Г технологијата. Во услови на пандемија и работата на далечина, се зголеми и побарувачката за компјутери и конзоли за игри, за што беа потребни и дополнителни количества на полупроводници.
Проблемот уште повеќе го влоши пожарот во фабриката „Ренесас електроникс“ во март, кој произведува 17 отсто од чиповите на светскиот пазар. Аналитичарите на „Номура секјурити“ сметаат дека ова може да доведе до намалување на светското производство на автомобили за периодот април-јуни за околу 7 отсто или 1,6 милиони автомобили. Планираниот пад на производството на јапонски автомобили е 1,2 милиони. „Ренесас електроникс“ се очекува да продолжи со нормално работење во мај.