Грција излезе од зоната на банкротот и го надмина ризикот од напуштање на еврозоната, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, нагласувајќи дека му е многу добро познато како се живее со 500 евра месечно.
– Знам како се живее со 500 евра месечно, имам роднини, кои живеат со многу помалку пари, мајка ми, родителите на мојата сопруга, така што многу добро знам што значи тоа, истакна министерот.
Стурнарас нагласи дека нов заем за Грција не означува нова кредитна спогодба, додавајќи дека конкурентноспособноста на земјата се подобрила за 25 отсто најмногу поради растот на извозот.
– Очекувањата почнуваат да се стабилизираат, истакна Стурнарас, нагласувајќи дека Грција можеше да биде надвор од еврозоната, доколку не се спроведеше сегашната политика.