Студенти на платена пракса во ТИРЗ

Од:

Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Ова,како што велат од Дирекцијата, е нов концепт на пракса кој се воведува со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.

Студентите доаѓаат од Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје, Американ колеџ, како и Штуловиот универзитет во Тетово и ќе бидат распределени во различни сектори. Праксата започнува на 3 август и ќе трае три месеци, а студентите ќе работат на проекти кои ќе ги презентираат на крајот од праксата. Практикантите беа избрани од 20 пријавени кандидати на јавниот оглас на ТИРЗ.

-Воведуваме нова менторска програма преку која сакаме да ги поврземе студентите од различни сектори со ментори од ТИРЗ кои ќе работат на развивање на конкретни вештини. Верувам дека ќе го поттикнеме креативниот потенцијал кај овие млади луѓе и ќе придонесеме кон градење на нивните капацитети и усовршување. Ова е чекор напред кон креирање на стручни и професионални кадри кои ќе може да напредуваат овде, дома, изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Ова, како што додаде, е само една од програмите на ТИРЗ наменети за млади.

-Со новиот концепт на работа на ТИРЗ преку таргетирани мерки и програми работиме на креирање не само на стабилни работни места, туку и на повисоки плати за наши сограѓани, особено за младите што верувам дека ќе биде јасен мотив тие да останат во земјава и тука да ја градат својата иднина, потенцира Деспотовски.

Според најавите од Дирекцијата, по завршувањето на овој циклус на платена пракса, ќе биде објавена слична програма со цел да им се даде можност за практична настава и на други студенти од земјава.

-ТИРЗ е општествено одговорна институција која постојано вложува во развојот на младите преку различни програми за пракса и во компаниите кориснички, како и преку поддршка на дуалното образование, велат од Дирекцијата.

Би можело да ве интересира

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање