Струмичките земјоделци протестираа поради блокадата на буџетот за 2013

Од:

Стотина земјоделци од повеќе здруженија од струмичкиот регион со транспаренти и трактори денеска одржаа протест пред седиштето на СДСМ во Струмица, револтирани што опозициската патија го блокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

Потпретседателот на Регионалниот сојуз на земјоделците Тони Грамбозов ги повика сите политичари на разумност за да се избегне недонесувањето на буџетот за 2013 година.

– Има ли крај на нашата земјоделска мака? Не тепаа во деведесеттите кога протестиравме.СДСМ тогаш не даваа субвенции, а нашиот производ го фрлавме на буниште. Сега кога конечно се виде некаков ќар од нашата работа, пратениците на СДСМ сакаат да ни ги скратат државните субвенции. Цветанка Иванова и Игор Ивановски нека ги повлечат амандманите и нека го донесат буџетот  за идната година, рече Грамбозов.

Претседателот на здружението на тутунопроизводители „Жолто злато” од Босилово Никола Стаменов побара опозицијата сериозно да ги преиспита последиците од недонесувањето на буџетот за 2013, најавувајќи помасовни  протести пред Собранието ако тоа не се случи.

– Ние како претставници на земјоделците ќе бараме наше присуство и во комисијската и во собраниската расправа за Буџетот, рече Стаменов.

Истовремено со овие протести, претставници на здруженијата „Агро-Баница” од Баница, „Агро-Струмешница“ од Дабиле, „Агро-Кооперација” од Муртино и „Агросојуз” од Василево пред Домот на АРМ во Стумица одржаа прес-конференција на која  ја повикаа Владата да ги исплати субвенциите од буџетот за 2012 година.

– Ги повикувам сите земјоделци и земјоделски стопанства да се здружиме и да побараме  од оваа Влада да ни ги исплати субвенциите за 2012 година.Тие 130 милиони евра беа во буџетот за 2012  и требаше веќе да се исплатат, изјави  Ѓорги Ѓоргиев, претседател на здружението „Агро-Баница“ од Баница.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година