Струјата поевтинува за 0,1 проценти

Од:

Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава.

Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика, а на прес-конференција ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој појасни дека намалувањето сега е минимално поради тоа што со воведувањето на евтината тарифа практично е извршено намалување на цената на струјата за околу четири проценти.

– Минатата година при пресметките РКЕ не го зема предвид воведувањето на евтината тарифа. Со воведувањето на евтината тарифа потрошувачката на електрична енергија се зголеми во периодите кога важи евтината тарифа, а се намали во периодите кога важи скапата тарифа. Врз основа на тоа, ЕВН Македонија остварува помали приходи и тоа е единствена причина, рече Бислимоски.

Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН Македонија за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти.

Како што информираа вчера од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски