Струјата најверојатно нема да поскапи кон крајот на годината

Од:

Порталот за економија и финансии „ФАКТОР.МК“ од свои извори дознава дека се подготвува промена на методологијата за пресметка на цената на електричната енергија. Според информациите најверојатно цената на струјата со новата методологија ќе се утврдува во јуни.

„Идејата за ова добива на интензитет токму сега, непосредно пред новото коригирање на цената (според правилникот, крајот на годината). Според информациите до кои дојде „ФАКТОР.МК“ струјата неминовно ќе поскапи повторно, затоа што енегетските компании ќе прикажат зголемени трошоци, но сега под итно се бара начин како да не се дозволи зголемување на цената на електричната енергија во најмала рака до март, кога треба да се одржат локалните избори во Македонија.

Дека струјата повторно ќе поскапи, неодамна најавија и дел од владините министри“, пишува „ФАКТОР.МК“.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико