Стразбур ја задолжи државата да си го исплати долгот кон приватниците

Од:

Македонија загуби спор пред Европскиот суд за човекови права. Државата, односно претпријатијата, се задолжени да го исплатат долгот кон приватни компании. Тие се обратиле пред Судот откако и по добиени пресуди во домашните судови, не можат ниту преку извршители да ги наплатат средствата што им следуваат. Наводно, бил заобиколуван Законот за извршување на санкции, но Судот во Стразбур со пресуда од ноември годинава наложи државата да си го исплати тоа што го должи кон приватните фирми.

„Сложеноста на државниот буџетски систем не може да ја ослободи државата од нејзината обврска, според Конвенцијата, да му гарантира на секого право на извршување на обврзувачка и извршна судска одлука во разумен рок. Ниту пак е дозволено државниот орган да го наведува недостатокот на средства или други ресурси како изговор за неисполнување на долгот по пресуда.“, се наведува во пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Адвокатот Виктор Божиновски, на својот фејсбук профил напиша дека државата со таканаречените “рамки“ предвидени во Законот за извршување го прекршила членот 6 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи и е задолжена во рок од 3 месеци да обезбеди средства и да ги раздолжи долговите на сите јавни претпријатија кон приватните фирми и компании, бидејќи настанало непочитување на домашните судски одлуки.

„Во превод, ова значи дека државните и општинските јавни претпријатија не можат да “се заштитуваат и кријат“ зад таканаречените “нужни средства за работење“ од нашиот Закон туку ќе мораат да си “најдат чаре“ државните преку Владата, локалните преку Општината да си ги плаќаат сите свои долгови!“, пишува адвокатот.

Инаку, во анализа на медиумот Порталб, се наведува дека неплатените обврски на државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминале 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра.

„Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините.На крајот на март „внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра. На крајот на март „внатрешниот“ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и во споредба со последниот квартал од лани, или за три месеци, тој е зголемен за 25,5 милиони евра“, се наведува во анализата.

Според пишувањата, лидери во долгот кон приватните фирми се Номагас“ АД Скопје, АД МЖ „Транспорт“, на трето место со 59,1 милион евра е државната ЕСМ – електрани, следува ЈП МЖ – инфраструктура со долг од скоро 59 милион евра и на петто место е државната ЕСМ – дистрибуција.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

Судии, обвинители, адвокати-вкупно 21 кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Ковачевски: Одлуката на ЕСЧП е огромна победа и успех на државава