Какви се шансите на Грција за успех на антикризната програма?

Од:

Водечки странски медиуми ги поставуваат под сомнение шансите на Грција за успех на нејзината антикризна програма, јави БТА. Агенцијата Ројтерс, Фајненшал тајмс, Еујорк тајмс, Волстрит џурнал и германски Велт упатуваат директни напади оспорувајќи ги потезите од антикризната програма, истакнувајќи дека државата уште долго ќе треба да се помага од странски кредитори.

Во следните шест месеци или година речиси е сигурно дека од германските даночни обврзници ќе биде побарана нова помош за Грција, наведува Фајненшал тајмс.

Ројтерс наведува дека е утописки да се смета дека Грција ќе застане на нозе.

– Со обезбедувањето на следната транша државата може да е надминат најголемиот предизвик досега, но таа голтка воздухможе да биде само привремена, посочува агенцијата. Њујорк тајмс вели дека демократијата во Грција личи на „надувана жаба“ која извесно време била истоштена од „клиентската држава и од злоупотребата на власта“.

– Веќе пет години наназад државата е во рецесија и рестрикции и е подготвена да се урне.

Волстрит е со став дека Грција никогаш нема да може да ги врати парите земени од кредиторите. Велт прави ретроспектива за случувањата и тврди дека во изминатите 178 години функциите во државата се сметаат да дебела „добивка“ со која 10,8 милиони Грци хранат 700 илјади луѓе што ги водат.

– Иако зборот „водат“ не е најточниот за објаснување на тоа, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент