Стотина авиони на „Американ ерлајнз“ останаа на писти

Од:

Авиони на Американската авио компанија „Американ ерлајнз“ денес останаа на писти поради проблеми со компјутерскиот систем за резервација, додека илјадници патници останаа заробени на аеродромите и во авионите.

-Компанијата поради проблемот побара откажување на околу 900 летовите од најголемите американски градови Њујорк, Далас, Лос Анѓелес, Чикаго и Мајами до 23 часот по средноевропско време-изјави портпаролот на компанијата.

Компанијата преку социјалната мрежа „Твитер“ испрати извинување поради проблемот, но не соопшти кога ќе биде решен.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо