Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Од:

Во преработувачката индустрија висат 15.000 работни места доколку навреме не се донесе ребалнсот на Буџетот, алармираат од Организација на работодавачи. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи вели дека очекуваат пратениците во Собранието што е побрзо да го изгласаат ребалансот, бидејќи во него се предвидени средства за субвенции на платите на работниците за октомври, ноември и декември.

-Карен рок за нас е крајот на октомври или најдоцна до 10 ноември, кога веќе се прави октомвриската плата. Затоа партиите да ја остават политиката настрана и да почнат да размислуваат за стопанството, кое со душа ја чека помошта од државата, изјави Димитров.

Тој забележа дека здравствената криза и целокупната состојба воопшто не оди во прилог на текстилната и кожарската индустрија, бидејќи во моментов голем дел од компаниите се соочени со помал број на договори или воопшто не ги склучиле со странските партнери. Голем дел од странските компании не се одлучуваат да склучат договори, бидејќи во моловите, трговските центри и бутиците се уште како залихи стои стоката од минатата сезона, која не се потроши за време на карантинските месеци, почнувајќи од март.

Би можело да ве интересира

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ