Стопанска комора: МВР да се вклучи во надминувањето на проблемот со дивите пазарџии

Од:

Министерството за внатрешни, покрај пазарната и комуналната инспекција, да се вклучи во решавањето на проблемот со дивите пазарџии кои на улица, од камиони, продаваат сезонско овошје и зеленчук, бара Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија.

Според Групацијата, овие диви продавачи не само што нелегално тргуваат и создаваат нелојална конкуренција, туку и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и дополнително ја загадуваат средината, создавајќи отпад. Финансиската загуба, пак, поради нивното неконтролирано дејствување по улиците, е 20 отсто од вкупниот приход на организаторите на пазарите.

– Пазарната инспекција излегува на терен, но не може законски да им ја конфискува стоката. Истото важи и за комуналните служби. Затоа бараме интервенција од МВР. Само на тој начин, со заеднички, кооординирани акции на сите институции, може да се надмине проблемот кој трае години наназад и на кој пазарџиите упорно укажуваат, рече на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Комората.

Претседателот на Групацијата Сашо Стаматов предочи дека иако закупот на просторот на пазарите за продажба од камион чини 9.000 до 12.500 денари наспроти закупот на тезга кој изнесува 3.000 – 5.5000 денари, тоа не е клучниот проблем.

– За дивите пазарџии ваквата цена не е висока и ја плаќаат, но наместо да продаваат во тој простор, оставаат празен камион и повторно, со други два или три камиони одат по улиците и нудат овошје и зеленчук. Така практично немаат конкуренција и користа им е поголема наместо да се стационирани заедно со другите тезгаџии на пазарот, истакна Стаматов.

Проблемот со продавачите од камиони по улиците е најизразен во скопските општини и градот Скопје, во Битола, Велес, Куманово, Тетово, Гостивар,… Групацијата смета дека тие може да се санкционираат преку Законот за јавна чистота или поради загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он