Сто барања за обесштетување во Кривопаланечко

Од:

Вкупно сто жители на Крива Паланка и Ранковце заклучно со вчера, до кога траеше рокот, пријавиле штети на земјоделските култури од пролетните мразеви.

– Комисијата направи увид на терен кај 30 отсто од поднесените барања и ја утврди штетата на овошните насади. Во претстојниот период ќе се врши увид и кај останатите производители кои поднеле барања, изјави Влатко Ристовски, советник во Подрачна канцеларија на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и член на Комисијата за утврдување штети.

Земјоделците ги пријавуваа штетите од ниските температури и мразот што ја зафатија Македонија на 21 и 22 април годинава.

Откако комплетно ќе го заврши увидот, општинската комисија ќе изготви елаборат и ќе го достави до Советот на општината кој, по усвојување на Советот ќе биде испратен на разгледување и одлучување во Владата.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот