Ставрески: Задолжителната котизација ќе се покаже како вистинска мерка

Од:

Задолжителната котација ќе овозможи котираните компании да стекнат дополнителен капитал преку Берзата, а Берзата да има поголем број на трансакции и поголем промет, смета вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

– Факт е дека Македонската берза, како и сите берзи во регионот во изминатите неколку години, минува низ тежок период што се должи на ризиците во европската економија и намалениот апетит на инвеститорите. Во такви околности понекогаш е потребно да се преземат и нестандардни и неконвенционални мерки како што е мерката задолжителна котација на фирмите на Берзата, рече Ставрески на презентацијата на проектот за задолжителна котизација на Македонската берза.

Тој потенцира дека мерката, за која имаше доста дебата дали треба да се донесе или не, со текот на времето ќе се покаже како вистинска.

– Од денеска на официјалниот пазар на Берзата во сегменот за задолжителна котизација ќе котираат 30 нови компании, а до крајот на месецот уште дополнителни 60 со што вкупниот број на друштва на официјалниот пазар ќе изнесува 120, рече Ставрески.

Прецизира дека моменталната пазарна капитализација на Македонската берза изнесува околу 26,6 милијарди денари или 5,5 отсто од вредноста на македонскиот БДП што е доста пониско во споредба со развиените земји.

– Со новокотираните 30 компании чија пазарна капитализација во моментот изнесува 52 милијарди денари и постојните 32 акционерски друштва, вкупната пазарна капитализација ќе изнесува 78,8 милијарди денари или 16,4 отсто од вредноста на БДП што е сосема задоволително и е над просекот во земјите во регионот, истакна Ставрески.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана