Ставрески: Со буџетот во 2015 продолжува поддршката на стопанството и на стандардот на граѓаните

Од:

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието ја почна расправата по предложениот буџет на Република Македонија за наредната година.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески тој е подготвен да може и следната година да се продолжи со политики за поддршка на стопанството и на стандардот на граѓаните.

– Стопанството ќе се поддржува преку проектираниот висок износ на капитални инвестиции, а поддршката на граѓаните се гледа преку предвидените зголемувања на платите, пензиите и социјалните надоместоци, рече Ставрески.

Приходите се проектирани на  163,280 милијарда, расходите на 181,777 милијарди денари, и буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП.

За капитални во предложениот буџет се предвдени 21,209 милијарда денари со кои ќе се поддржат крупни инфраструктурни проекти.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија