Ставрески: Рангирањето на Дуинг Бизнис – потврда за реформите што ги прави владата

Од:

Промените што Владата ги направи во изминатите години со континуирана работа придонесоа од 96-то место на Дуинг бизнис во 2005-2006 година Македонија да биде рангирана на 23-то во 2012 година.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески посочувајќи дека промените се резултат на континуирана работа и оти вклучуваат намалување на даноците, регулаторна гилотиња, подобрување на условите за фирмите, подобрување на ефикасноста на работењето на Царината, Катастарот, УЈП, Централниот регистар…

– Шест години наназад бевме меѓу првите десет топ реформатори. Во 2012 година дојдовме до она рангирање на 23-место во светот, наместо 96-то место од 185 земји колку што беа во конкуренција, рече министерот Ставрески и додаде дека повеќе од 15 земји од ЕУ се зад Македонија.

Рангирањето од страна на Дуинг бизнис, посочи, е најдобар показател за крупните реформи што се прават за подобрување на условите за водење бизнис. Но, додаде дека тоа не значи оти во таа година ќе дојдат сите светски инвестиции во Македонија. – Инвеститорите ги гледаат резултатите во континуитет од пет-шест години што е показател дека си сериозен во однос на бизнисот и дали кога ќе инвестира во земјата ќе има добри услови во наредните пет-шест години, рече министерот Ставрески.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана