Ставрески: Предвидениот економски раст ќе се оствари

Од:

Македонија годинава ќе успее да го оствари предвидениот економски резултат, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговорајќи на новинарски прашања пред денешното одбележување 21. година од постоењето на Царинската управа, Ставрески оцени дека постепено заздравување на европската економија може да се очекува во втората половина од годината.

– Согласно остварените резултати во првиот квартал од 2013., економската активност во Европа е се уште на релативно ниско ниво, но очекувањата на сите истакнати европски економисти се дека постепено заздравување на европската економија може да се очекува во втората половина од годината.

– Такви се и нашите очекувања. Се уште има доста ризици, но се надеваме дека економската активност ќе оди во позитива и дека овој тренд што почна во Македонија во февруари со раст на индустриското производство, ќе продолжи, истакна Ставрески.

Тој изрази надеж дека солидни резултати ќе покажат и градежништвото и други дејности.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана