Ставрески: Предлогот на СДСМ значи нереализација на програмата на Владата

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека СДСМ денеска продолжи со политиката на блокада на буџетот. Предлогот на СДСМ според вицепремиерот е набрзина осмислен со кој се предвидува кратење на 10-тина проценти и нереализација на програмата на Владата.

– СДСМ достави до Владата документ што всушност не преставува документ, желба и начин за одблокирање на буџетот за 2013 година, туку напротив дополнително ја зцврстува блокадата на буџетот, донесувањето на буџетот, а со што ги загрозува и интересите на сите граѓани на Република Македонија. Позицијата на СДСМ е позиција на ултиматум или да се прифатат сите нивни барања или нема да ги поминеме амандманите и да се донесе буџетот за 2013 година. Тоа не е конструктивна опозиција, напротив тоа е деструктивна опозиција и уште еден предлог за да не дојде до донесување на буџетот за 2013 година, изјави министерот.

Тој додаде дека во тој предлог има многу работи што не се логични и за кој не може на таков начин да се дискутира бидејќи навлегува во самата суштина на реалиција на Програмата на Владата на Република Македонија. – Се предлагаат кратење кај позиции кој што би значело целосно закочување во секотри како што е здравството, каде предлага да се намалат 80 милиони евра, нереализација на проекти кои што се дел од програмата на Владата, неизградба на спортски објекти и сали, да не се плаќаат обврските за лаборатории и други набавки што се веќе завршени, да не се плаќаат обврските за парно, за електрична енергија и слично. Се работи за набрзина осмислен предлог кој покажува дека вистинската цел на СДСМ е дополнително да се закоци работата на собраниските комисии и да не дојде до носење на буџетот, истакна Ставрески.

Според него Владата на Република Македонија има програма за работа и има обврска да ја спроведе таа програма, прецизно со сите проекти и обврски што се преземени пред граѓаните. Буџетот, додаде, е добро осмислен и не загрозува никого, обезбедува развој и капитални инвестиции, исплата на зголемени пензии, социјална помош, субвенции, реализација на значајни капитални инфраструктурни проекти, редовна исплата на обврските кон стопанството, изградба на училишта, патишта, железници и слично.

Министерот потенцира дека од таков буџет СДСМ бара да се скратат дури 9 проценти, што заедно со предлогот на пратеникот Изет Зекири води кон кратење од над 11 проценти. Тоа, смета министерот, покажува дека не е целта да се корегира нешто и да се биде конструктивен. Не може ниту една опозиција да побара и да очекува 11 проценти од буџетот да биде скратено бидејќи тоа значи нереализција на програмата на Владата. Никаде во светот нема таков случај на блокирање на буџет од страна на опозицијата преку поднесување на илјадници амандмани и никаде во светот нема пример каде што опозицијата го креира буџетот. Тоа е суштината на демократијата. Прифаќањето на ултиматум и уцена на ваков начин би значело газење врз демократијата и врз политичкиот систем на државата што за нас е неприфатливо, изјави Ставрески.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on