Ставрески: Нема одлагање на системот е-даноци

Од:

Нема одлагање во воведувањето на системот е-даноци, кој стартува од 1 јануари 2013 година, изјави министерот за финасии Зоран Ставрески.

Станува збор за систем за пријавување на даноците преку интернет, кој најпрвин ќе треба да го прифатат големите компании, кои се месечни ДДВ обврзници.

– Не планираме продолжување на рокот, но планираме позасилена реклама на можноста, како и нејзино презентирање пред компаниите. Се работи за неколку илјади компании поради тоа што системот фазно се воведува. Значи, не е за сите компании одеднаш и верувам дека одговорноста на компаниите и начинот на кој ќе ја прифатат оваа новина ќе биде позитивна, бидејќи се работи за нешто што заштедува време и пари – рече Ставрески.

Ставрески потсети дека плаќање и пријавување даноците по електронски пат е карактеристика на сите модерни економии.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата