Ставрески: Не очекувам да дојде до заострување на условите за кредитирање

Од:

Нема ниту една причина за да дојде до заострување на условите за кредитирање. Општите услови на европскиот пазар се речиси идентични како што беа на крајот од минатата година, така што не очекувам во пракса да има потреба од заострување на условите за кредитирање.

Вака одговори вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска на новинарско прашање дали најавата од страна на банките за заострување на условите за кредитирање се тоа лоши сигнали за економијата на крајот од првиот квартал.

– Треба да настојуваме, и банките во вакви околности, да не ги влошуваат условите за граѓаните и за стопанството, бидејќи врeмињата се тешки за сите и секој треба да го понесе товарот во својот дел. Моите лични очекувања се дека нема да дојде до никакво влошување или заострување од страна на банките, рече Ставрески.

На новинарско прашање дали капиталните инвестиции се развиваат според предвидената динамика и колкав раст на економијата се очекува во првиот квартал, вицепремиерот и министер за финансии потенцира дека се уште е рано да се зборува за растот на економијата во првиот квартал. Сепак, подвлече, треба да почекаме да поминат два-три месеци и да имаме некакви податоци барем за индустриското производство за да зборуваме за другите показатели.

– Она што можам да кажам е дека програмата за капитални инвестиции е амбициозна и вклучува реализација на повеќе крупни проекти. Со почетокот на градежната сезона, вториот квартал ќе се интензивираат работите на изградбата на Коридорот 10, на делницата Демир Капија – Смоквица, а очекувам да почне и реконструкцијата на пругата од Куманово до Бељаковце, како и многу други проекти кои се во делот на патната инфраструктура, како и реконструкцијата на училиштата и болниците, изјави Ставрески.

Тој додаде оти сето тоа ќе помогне да се постигнат подобри резултати, иако согласно состојбите во европската економија, би требало втората половина од годината да донесе подобри времиња и можност за повисок економски раст.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование