Ставрески најавува влез на пет нови странски инвестиции

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во изјава за МТВ најави пет нови странски инвестиции во земјава.

„Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот“, изјави Ставрески синоќа во интервју за јавниот сервис.

Тој во интервјуто откри дека двете турски компании се од медицинската област кои ќе инвестираат во свои погони во Бунарџик, додека американската компанија како локација за инвестирање го избрала Кочани.

Освен Бунарџик, потенцијални инвститори има и за другите технолошко индустриски зони низ Македонија. Вицепремиерот најави дека Охрид, Струга, Тетово и Кичево се градовите каде во наредниот период ќе има инвестиции од странство.

Би можело да ве интересира

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ