Ставрески ги запозна инвеститорите од Татарстан со условите за бизнис во Македонија

Од:

Македонија има одлични услови кои може да ги понуди на потенцијалните инвеститори како најниски даноци во Европа и поволности кои ги нудат технолошко-индустриски зони, а меѓу секторите во кои може да се оствари соработка се земјоделството, информатичката технологија, автомобилската индустрија и туризмот.

Ова е пораката од економскиот владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на бизнис форумот во руската Република Татарстан.

Татарстан е една од економски најсилните и индустриски најразвиени републики во Руската Федерација. Делегацијата, во која се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони Виктор Мизо, ја посети технолошко-развојната зона во Казан, каде на бизнис форум ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија.

– Татарстан има една од најдинамичните и воедно најмодерните економии во Руската Федерација. Нивната економија како брзо растечка е доста слична на македонската, затоа очекувам понатамошен развој на соработката, како во делот на трговијата, така и во инвестициите, изјави Ставрески.

Ставрески имаше средба и со претседателот на Татарстан, Рустем Миниканов на која беше дискутирано за економската соработка меѓу Македонија и оваа руска Република, како и продлабочување на трговската соработка.

Делегацијата во рамки на роуд-шоуто ќе ги презентира инвестициските можности во Македонија и во Екатеринбург, Новосибирск, а посетата ќе заврши со учество на Меѓународниот економски форум кој се одржува во Санкт Петербург.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата