Ставрески: Економијата заздравува, индустријата и стопанството годината ќе ја поминат со позитивни цифри

Од:

Порастот на индустриското производство, како и позитивните показатели во трговијата и извозот ги покажуваат првите знаци на заздравување на економијата и веројатност да се оствари предвидениот економски раст годинава, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по вчера објавениот пораст на индустриското производство за април за 4 проценти и верува дека македонската индустрија и стопанството во целина ќе ја поминат годината со позитивни цифри.

– Факт е дека веќе трет месец имаме пораст на индустриското производство. Секако е охрабрувачки и покажува дека постои тренд на пораст на индустриското производство иако во Европа  случувањата не се толку позитивни и тоа е уште еден дополнителен факт да веруваме дека  во втората половина од годината кога се очекува европската економија да се стабилизира дека во Македонија  ќе продожи растот на индустриското проиводство и на вкупната економија, изјави Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.

Тој најави дека ќе се настојува во натамошниот дел од годината, преку активни политики, преку носење дополнителни средства за малите и средните претпријатија преку поволни кредити и реализација на капиталните инвестиции да го помогнат тој економски раст.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана