Ставрески: Денарот е стабилен, информациите за девалвација се лаги

Од:

Министерот за финасии Зоран Ставрески тврди дека не постои причина за промена на курсот на денарот и дека тој останува најдобрата валута за штедење. Според министерот, денарот ќе остане стабилен се додека ВМРО-ДПМНЕ ја води економската политика во Македонија.

Според него, пласираните информации за девалвација на денарот се шпекулации и лаги.

„Официјално во име на Владата ги деманитирам овие шпекулациите. Се работи за обична лага и груба невистина која е смислена со цел да се внесе психоза и страв кај населението. Мојата порака до граѓаните и стопанството е да не наседнуваат на вакви обични лаги. Нема ниту една причина за промена на курсот или некаков реален економски фактор што би го оправдал тоа“, изјави министерот Ставрески.

Ставрески кажа дека најголем гарант за стабилноста на денарот се девизните резерви кои, како што посочи се на историски највисоко ниво од 2 милијарди и 96 милиони евра и се за 820 милиони евра повеќе во однос на јули 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби шансата да ја води економската политика и вкупната политика во државата.

Според него, постои и ниско ниво на буџетски дефицит, како и ниско ниво на задолженост на земјата и извонредна координација меѓу монетарната и фискалната политика што заедно со стабилниот банкарски сектор дава сигурност дека ќе има и понатаму стабилен девизен курс.

Минисерот апелираше до граѓаните и до стапанските субјекти да не направат грешка и да не наседнат на вакви обични лаги, да продолжат и натаму да веруваат во домашната валута, да штедат во денари, бидејќи, како што посочи, така има најдобар принос за нивните заштеди бидејќи каматната стапка на денарите е прилично повисока во однос на каматната стапка на девизите.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски