Ставрески: Буџетот во 2013. го поддржа економскиот раст

Од:

Буџетот во 2013 година се реализираше според планираното. Реализацијата е 96,13 проценти, со висок степен на реализација на приходите и редовно исплаќање на обврските.

Ова беше посочено во рамки на денешната расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет за завршната сметка на Буџетот за 2013 година.

Расходите се реализирани со 159.505 милиони денари, приходите со 140.248 милиони денари и дефицитот е во рамки на планираното од 19.257 милиони денари. Македонската економија во 2013 година оствари раст од 2,9 проценти што е над проекцијата од 2 проценти. Оствареното над планираното се должи на растот на градежништвото и индустријата.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека во овој период на криза не беше секогаш лесно да се реализираат зацртаните поитики, но оти Владата одговори на најдобар начин без дополнително да го оптовари стопанството, а со навремена исплата на обврските.

Според него завршната сметка покажува дека е избран вистинскиот начин на кој требало да се справуваме со предизвиците.

– Конзистентноста, професионалниот пристап и сериозноста во решавање на предизвиците е вистинскиот пристап со кој ќе продолжи Владата, посочи Ставрески.

Тој потенцира дека и во 2013, како и претходните години, износот на глоби и казни во однос на вкупните приходи во буџетот е исклучелно низок и лани по овој основ се слеани во Буџетот 532 милиони денари, или 0,38 отсто од вкупните приходи во буџетот.

– Тука завршува приказната дали глобите и казнената политика и работењето на УЈП се користи за прибирање приходи во буџет. УЈП како и во секоја држава е должна да ги прибере даночните приходи во буџетот. Исклучително високото ниво на респонзивност на даночните обврзници покажува дека во Македонија даночната политика е здраво поставена, а тоа значи дека со ниски даноци, кои се најниски во Европа, успеавме да ја прошириме даночната основа и поголем број фирми да се решат да плаќаат даноци доброволни, односно да преминат од сивата економија и на тој начин во буџетот се слеваат повеќе приходи и стопанството е помалку  оптоварено. Тоа е најдоброто нешто што една влада може да го направи за стопанството, истакна министерот за финансии.

Македонската економија во 2013 година оствари раст од 2,9 проценти што е над проекцијата од 2 проценти. Оствареното над планираното се должи на растот на градежништвото и индустријата.

Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ во расправата посочи дека реализацијата на буџетот за 2013 година е на исклучително високо ниво, како и прибирањето на даноците. Додаде дека само 4 отсто од даноците се прибрани присилно.

Тој додаде дека во 2005 година за 30 проценти имало помало прибирање на даноците што покажува колкава била сивата економија, а направи споредба и за социјалните трансфери  за кои, како што рече во 2005 година биле одвоени вкупно  5 милиони денари, а во 2013 оваа сума е одвоена за само две ставки.

Ромео Тренев се осврна на начинот на донесување на Буџетот за 2013 година и оценките на опозицијата дека е нереален посочувајќи дека завршната сметка покажува оти не е ништо нереално и оти се што е ветено е исполнето.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година