Ставрески-Богов: Финансискиот сектор стабилен во целина

Од:

Финансикиот сектор во Македонија е стабилен и покрај сите нестабилности и несигурности што владеат во светската економија и светските финансиски пазари, констатираа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов пред денешната редовна средба меѓу претставниците на финансиските супервизорски органи.

– Финансискиот сектор во целина е стабилен. Нема системски ризици. Банките и останатите сегменти на финансискиот пазар успеваат да се справат со актуелните предизвици што ги носат европската и светската криза. Се разбира во одделни сегменти имаме движења кои треба да се нотираат и за кои денеска ќе дисутираме. Конкретно во сегментот на финансиски друштва досега се формирани три од кои едно е за издавање и администрирање картички и две се претежно во делот кредитна активност, факторинг и гаранции, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека од последната средба промена има и на пазарот на капитал со задолжителната котација. Посочи дека по последната законска измена овозможена е котација на 90 друштва кои се пријавени да котираат на Берзата и оти очекува да се случи тоа во јуни откако ќе биде одобрено од страна на Комисијата за хартии од вредност.

– Ќе имаме дополнителни 90 компании кои ќе котираат на Берзата и тоа ќе овозможи колку што е возможно во вакви околности да се зголеми ликвидноста на Берзата и да има повеќе тргување, истакна Ставрески.

Гувернерот Богов потенцира дека новина е тоа што по измените на законот за банки од пред неколку месеци веќе има три барања од три штедилници за трансформација во финансиски друштва. Барањата во НБРМ веќе се процесуирани и веќе постапката продолжува во Министерството за финансии каде ќе бидат разгледани во наредниот период.

Според вицепремиерот и гувернерот, и покрај стабилноста во финансискиот сектор и натаму е потребна координација меѓу Народната банка и Министерството за финансии со следење на актуелните состојби, нови идеи за промена на регулативата и слично.

– Согласно добрите практики и во Република Македонија се одвива кординација меѓу Народната Банка и Министерството за финансии во насока на следење на состојбите во финансискиот сектор и посебно регулаторните тела кои се задолжени за регулирање на финансиските институции. Во таа насока и со гувернерот ќе ја разгледаме состојбата во сите сегменти на финансикиот пазар, вклучително и пазарот на капитал, осигурителните друштва, супервизијата, следењето на финансиските и лизинг друштвата и банкарскиот сектор, рече министерот Ставрески.

Ова е трет состанок на регулаторните тела во финансискиот сектор. Првиот се одржа пред една година. Како што рече гувернерот, веќе станува редовна практика и согледана е користа од ваквите состаноци на кои се разменуваат мислења и информации за движењата што се во целиот финансиски сектор.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница