Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2014 година изнесува 1,37 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија има 6.104 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Административни и помошни услужни дејности и изнесува 2,19 проценти, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,17 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,98 отсто.
Според региони, Вардарскиот има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,79 отсто.
Најголем број слободни работни места, односно 1.822, има во групата Работници во услужни дејности и продажба.