Бројот на невработени во првиот квартал од годинава изнесува 272.115 лица. Стапката на невработеност е 28,4 отсто и е за 1,5 процент пониска од првиот квартал во 2013 година, објави Државниот завод за статистика.
Од невработените 58,8 отсто се мажи, а жени се 41,2 отсто. Според возраста од 15 до 24 година невработени се 52,8 отсто од 25 до 49 невработени се 25,2 отсто, од 50 до 54 години 23 отсто и над 65 години невработени се 27,8 проценти.
Oд невработените, без образование се 3.719 лица, со незавршено основно образование 9.394, со основно 61.497, со тригодишно средно образование 24.276, со четиригодишно средно образование 131.712 лица, со више образование 3093 и со високо образование 38.425 лица.
Во овој квартал вкупно биле вработени 686.277 лица.