„Стандрд и Пурс“ ги намали рејтинзите на 15 италијански банки

Од:

Американската бонитетна агенција „Стандард и Пурс“ соопшти дека ги намалила кредитните рејтинзи на 15 италијански банки, поради ризикот од продлабочување на рецесијата во која се наоѓа Италија.

Имајќи предвид дека Италија се соочува со подолгорочна и подлабока рецесија од очекуваната, мислиме дека е зголемена и ранливоста на италијанските банки, се наведува во соопштението на „Стандрд и Пурс“.

Меѓу 15-те банки чиј кредитен рејтинг е намален се и „Униони де Банке Италиане“ (УБИ), „Банка Пополаре дел Емилија Ромања“ и „Банка Пополаре де Виченца“.

Рејтинзите на водечките италијански банки „Уникредит“, „Интеса Санпаоло“ и „Медиобанка“ остануваат непроменети.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Инцидент во Италија: Автомобил прегазил неколку пешаци, најмалку едно лице загина

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени