Стандардот на граѓаните ќе се намали со зголемување на цените на струјата и горивата, тврдат од независните синдикати

Од:

Ако дојде до зголемување на цените на енергенсите, електричната енергија и горивата тоа ќе претставува драстично намалување на стандардот на сите жители во Република Македонија без оглед на нивната вера и нација, изјави денеска Страшо Јованов, претседател на Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија – МАКАМТРАНС.

Самата најава за зголемување на цените на енергенсите, наведе Јованов, веќе предизвика лавина на поскапувања на сите производи, пред се, на оние најважните животни продукти. – За да не дојде до понатамошно осиромашување на граѓаните, бараме од цената да биде отстранета ангажираната моќност во висина од 33,33 проценти и да се намали цената на струјата за дополнителни 15 проценти заради надминување на т.н. ковид-криза, рече Јованов.

Исто така, дополни, бараме намалување на цената за 15 проценти на горивата и останатите енергенси.

Преставникот на Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ, Атанас Трајковски, пак, изјави дека „со најавата и со веројатноста за покачување на цените на енергенсите ќе дојде до зголемување на цените на основните животни продукти кои се потребни за опстанок на граѓаните и на секое семејство.

– Маслото за јадење, јајцата, лебот слушам дека некаде се веќе поскапени и другите основни продукти. Значи, ова не е мислење за народот, ова е мислење како да се наполни Буџетот и да се потроши во несоодветни цели. Не смееме ова да го дозволиме никогаш, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

Превозниците бараат приорите за издавање документи

Синдикатите од транспортот и градежништвото побараа намалување на цената на струјата за 50 проценти

Независни синдикати бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж

Ана Ололовска

Спасовски со претставници на „Макам-транс“: Важна е солидарноста од сите страни, дијалогот носи решенија

А1он

Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок

Ана Ололовска

Макам-транс против предлогот за зголемување на акцизата на горивата

Ана Ололовска