Меѓународната бонитетна агенција „Стандард и Пурс“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Грција во домашна и странска валута од „ЦЦЦ плус“ на „Б минус“.
Агенцијата посочи дека перспективата на грчкиот рејтинг е стабилна, нагласувајќи дека ваквата одлука ја донела врз основа на усогласеноста на активностите на грчката Влада со условите од програмата за помош во износ од 86 милијарди евра.
– Очекуваме до крајот на март и покрај разликите меѓу Владата и кредиторите, Грција да ги исполни условите од програмата за финансиска помош во вредност од 86 милијарди евра, со што ќе се даде зелено светло за дискусиите за официјално отпишување на долгот, посочува Агенцијата.