Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар за два степени од Б на ЦЦЦ плус, со што земјата потона уште подолу во категоријата на шпекулативните инвестиции.
Според „Стандард енд Пурс“ ситуацијата во земјата “се влошува уште повеќе од последното намалување на рејтингот во октомври“.
Во Кипар, според агенцијата е зајакнат финансискиот притисок, а несигурноста на условите на секоја финансиска поддршка останува, во очекување на претседателските избори во февруари следната година.