Стандард енд Пурс го намали долгорочно и краткорочно кредитниот рејтинг на Бугарија

Од:

Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд пурс го намали долгорочно и краткорочно кредитниот рејтинг на Бугарија во странска и во локална валута за еден степен од БББ/А-2 на БББ/А-3, со стабилна перспектива, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за финансии.

Рејтинг агенцијата ја наведува како главна причина за ревизијата на рејтингот нестабилноста на политичката ситуација.

Според Стандард енд Пурс сегашната политичка ситуација продолжува да претставува предизвик за спроведувањето на потребните реформи за справување со долгорочните институционални и економски проблеми и го поткопува растот.

Како главен индикатор за недоволен раст е посочен просечниот економски раст за периодот 2010-2013 година, кој е оценет на под еден процент.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна