Стагнација на кинеското индустриско производство во јули

Од:

Кинеското индустриско производство во јули не покажало никаков раст, што е знак за слабост на втората по големина светска економија, покажуваат денеска објавените податоци, цитирани од американските медиуми.

Кинеската федерација за материјално-техничка безбедност и потрошувачка дејност соопшти дека индексот на менаџерите за испораките опаднал на 50, откако во во јуни бил 50,2 според скала од 100 поена, при што вредностите над 50 покажуваат раст на дејноста.

Аналитичарот Чан Лицијан посочи дека има нестабила побарувачка како на странскиот, така и на домашниот пазар и дека има недостиг од доверба во претпријатијата, па затоа тие ги намалуваат резервите од суровини и купуваат помалку.

Кинеската Влада по четврти пат од ноември ги намали каматите и презема активности за засилување на економскиот раст, што е паднат за седум проценти во првото тримесечје од годината.

Би можело да ве интересира

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД