ССМ: Зголемување на платите, во спротивно осиромашување на работникот

Од:

Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните.

– Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, а во таа насока ја разбираме и изјавата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 проценти од просечната плата со што би се оствариле заложбите на синдикатот и барањата на работниците, велат од ССМ.

Во следниот период, според ССМ, треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Пресметките на ССМ покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август изнесувале 34.342 денари што значи дека потребни се отприлика две минимални плати за да се покријат основните месечни потреби.

Би можело да ве интересира

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

ССМ на протест пред Врховен суд поради одлуката со која се одзема Работничкиот дом