ССМ: Управниот суд потврди дека Димовски е легитимен претседател на ССМ

Од:

Со пресуда на Управниот суд е потврдено дека Дарко Димовски е легитимен претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Од ССМ денеска соопштија дека со Пресуда на Управниот суд од 13 септември годинава е одбиена како неоснована тужбата на Живко Митревски против Решението на Министерството за труд и социјална политика бр.08-8191/14 од 4 август годинава, а со која се бараше судот да донесе решение со кое би му се забранило на Димовски да го застапува како претседател ССМ се до правосилно завршување на управниот спор.

– Според Управниот суд, со донесувањето на Решението на МТСП бр.08-8191/14 од 4.8.2017 година, Министерството за труд и социјална политика не го повредило Законот на штета на тужителот односно Живко Митревски согласно член 37 став 1 од Законот за управни спорови во кој се вели дека законитоста на оспорениот управен акт, судот ја испитува во границите на барањето од тужбата, но притоа не е врзан со причините на тужбата и согласно член 124 став 1 алинеја 1 и 3 од Законот за општа управна постапка во кој се вели дека за ништовен се огласува управниот акт кој во управната постапка е донесено во работа од судска надлежност, или во работа за која воопшто не може да се решава во управната постапка и чие извршување воопшто не е можно, стои во соопштението.

Управниот суд, појаснуваат од синдикатот, одлучи дека тужбата е неоснована и во делот на посебниот предлог со кој Живко Митревски бара овој суд да донесе решение за времена мерка со кое се забранува лицето Дарко Димовски да се претставува и да го застапува ССМ како Претседател до правосилно завршување на управниот спор.

– Судот најде дека нема услови за определување на времена мерка во смисла на член 15 став 1 во врска со член 14 став 2 од Законот за управните спорови. Со вака донесената Пресуда уште еднаш се потврдува дека м-р Дарко Димовски е легитимно избран за в.д претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија на седницата на Советот на ССМ од 13.11.2016 година со поддршка од мнозинството од членовите на Советот на ССМ. Со оваа пресуда завршуваат и манипулациите на членовите на синдикатите здружени во ССМ и манипулациите на јавноста од страна на Живко Митревски, се наведува во соопштението од ССМ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори