ССМ со кампања против работата на црно

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија со пакет активни мерки започнува кампања против непријавената работа.

Кампањата ќе се спроведува во следниот период, а ќе содржи низа мерки почнувајќи од обуки за невработените до активности со кои ќе се укаже што треба да се преземе за заштита на вработените од работата на црно.

– Ја започнуваме кампањата против ова општествено зло, односно против работата на црно. Анализите од досегашните испитувања покажаа дека околу 22,5 проценти се провоцираат мерки кои укажуваат на неформална економија во Македонија, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес-конференција.

Во Европската унија, како што посочи Митревски, овој процент се движи некаде од 19 до 22 проценти. 

Спроведените истражувања покажуваат дека најмногу работата на црно ја има во земјоделството, градежништвото, транспортот, хотелиерството, трговијата и услугите. Најпогодени од оваа работа се лицата на возраст од 15 до 30 години, а опфатени се и студентите и пензионерите. Работата на црно е особено присутна во сезонската работа. 

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори