ССМ реагира на толкувањето на МТСП за исплата на висината на надоместок на плата

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска реагираше на информацијата објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика дека додека се во сила мерките за справување со коронавирусот, работодавачите согласно член 112 од Законот за работни односи може да исплаќаат надоместок на плата во висина од 50 проценти во случај на отсуство од работа или 70 проценти во случај на прекин на работниот процес од деловни причини.

Во соопштението испратено до јавноста, ССМ појаснува дека работодавачите од приватниот сектор не можат да го применат само член 112 од Законот за работни односи во услови кога со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се уредени поповолни права за работниците.

– Укажуваме дека согласно член 12, ст. 3 од Законот за работните односи „Со договорот за вработување, односно со колективен договор може да се одредат правата, кои за работниците се поповолни, отколку што ги определува овој закон“. Од тука, кога со колективен договор се утврдени поповолни права за работниците (ОКД за приватниот сектор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор), работодавачите од приватниот сектор не можат да го применуваат член 112, ст.7 од Законот за работните односи во услови кога со член 18, ст.1 и ст.3 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се уредени поповолни права за работниците, велат од ССМ.

Најавуваат тужби за оние работодавачи кои ќе го применат само член 112 од Законот за работни односи.

– Дополнително укажуваме дека за толкувањето на поимот виша сила, одлуки на Владата на Република Северна Македонија, со кои целосно се забрани работата на правните субјекти во одредени дејности, а заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД – 19, не претставуваат виша сила како што е наведено во соопштението, истакнуваат од ССМ, реагирајќи на информацијата од МТСП.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра