ССМ против искористувањето на детскиот труд

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска по повод Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд побара искоренување на оваа појава.

– Сојузот на синдикатите на Македонија силно е против искористувањето на детскиот труд и, како и досега, и натаму ќе се залага за забрана на работа на малолетните деца. Секое дете има право на среќно детство, наведува претседателот на ССМ Живко Митревски во писмото испратено по тој повод.

Синдикатот, како што се вели во писмото, ги поддржува сите заложби, активности, акции и апели на Меѓународната организација на трудот кои се однесуваат на водењето добри политики за социјалната заштита како суштински за искоренување на злоупотребата на детската работна сила.

Надминувањето на проблемот, ССМ го гледа во зголемување на можностите секое дете задолжително и квалитетно да се образува и да се вклучи во процесот на труд на соодветна возраст, а за да се постигне тоа потребна е координација меѓу сите одговорни субјекти во државата.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори