ССМ: Нема намалување на платите во јавниот и приватниот сектор

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по објавувањето на вториот сет владини мерки излезе со соопштение во кое го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор.

Во соопштението се наведува дека мерките биле усогласени на денешната седница на Економско-социјалниот совет и оти конструктивниот социјален дијалог е главната алатка за да се сочува достоинството на работниците во овие спефицични моменти за државата.

– На седницата социјалните партнери заеднички констатираа дека главен приоритет, во овој специфичен период е здравјето и животот на работниците и граѓаните, но дека состојбата не смее засега да се дозволи да премине и во криза на пазарот на трудот и истата да биде надминувана на грбот на работниците. Конструктивниот социјален дијалог и можноста претставниците на работниците да ги изнесат своите предлози и решенија за оваа состојба е главна алатка во овие специфични моменти преку која сите заедно можеме да придонесеме за зачувување на достоинството на работниците, а истовремено и да помогнеме на Македонската економија, велат од ССМ.

Сојузот на синдикатите апелира до сите граѓани да се придржуваат до препораките на Министерството за здравстви и Владата за побрзо да се надмине состојбата со коронавирусот во земјава.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори