ССМ: Недела станува неработен ден

Од:

Во услови на светската здравствена криза, предизвикана од Ковид-19, се покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници. По пат на социјален дијалог со Влада и работодавачите, со денешното гласање во Собранието од страна на пратениците, успеавме да го обезбедиме ова право на работниците, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Оттаму посочуваат дека едно од главните нивни барања на протестот одржан на 12-ти месецов денеска е изгласано од страна на пратениците во Собранието и конечно почнува да се применува од 1 јануари 2022 година.

– Деведесет и два проценти од работниците ќе одмараат, а оние осум проценти кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес, за работа во недела ќе добиваат најмалку дополнителни 50 отсто додаток на плата за секој поминат час за работа во недела, а синдикатите здружени во ССМ веќе преку колективните договори обезбедија и 100 посто додаток на плата за работа во недела, наведуваат од ССМ.

ССМ смета дека ова претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности.

– Заедно стануваме пример за унапредување на работничките права, наведуваат од ССМ.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра