ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Од:

Работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради односот на креаторите на политиките, кои во последните неколку години водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси, велат од ССМ.

„Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат нивните енормно покачените плати сега веќе за 79%, а од друга страна, дел од работниците во јавниот сектор не добија усогласување на нивните плати со порастот на просечната плата согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, не го прифатија барањето на ССМ за зголемување на минималната плата за дополнителни 6.000 денари со зголемување и на останатите плати за истата вредност.

Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Денес, сите Ние, сите Вие, имаме и имате можност и шанса да покажеме дека тие кои ја водат Државата треба да го слушнат гласот на работниците, имаме можност да го покажеме работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, на кој ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања.

На 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом со движење, Собрание – Стопанска комора – Влада. На протестот очекуваме да се придружат сите кои ја поддржуваат работничката борба за достоинствени плати и пристојни услови за работа. ССМ упатува повик до сите, до работниците, заедно да излеземе на работнички протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и заедно да побараме зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на останатите плати за 100 евра, зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дијалогот за платите треба да се води според мерливи показатели, а не според анкети – гувернерот по протестот на ССМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Протест на ССМ во Скопје: Ако не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски