ССМ на 2 април излегува на протест

Од:

Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје. Ова доаѓа откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ, а според ССМ, одлуката е незаконска.

-ССМ излегува на улица на 2-ри април, онака како што ветивме пред еден месец. Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ, е 12:05, имајќи во предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информација да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата, рече Трендафилов.

Тој напомена дека до сега, ниту со поголемиот дел од гранските синдикати здружени во ССМ не се преговара, не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор.

-Не се преговара и не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да добиеме функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12, 9 проценти во бруто, додаде Трендафилов.

Тој обвини дека од последната прес-конференција се засилиле нападите кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија од политичка партија.

-Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците, додаде Трендафилов.

Како што информираше, денеска почнала со работа Комисијата за утврдување на репрезентативност, и посочи дека само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, ниту еден друг синдикат нема поднесено барање.

-Само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, со што ќе се овозможи негово учество во економско социјалниот совет, во Комисијата за утврдување за репрезентативност како и во други трипартитни социјални партнерства, органи и тела на државата, вклучително и барање за утврдување на репрезентативност во јавниот и приватниот сектор и ниту еден друг синдикат ја нема ниту бројката, ниту има поднесено барање, а жестоко се борат против ССМ за да не ја добие репрезентативноста, со која уште погласно ќе ги кажува барањата на работниците, посочи Трендафилов.

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари